Охрид, 4. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со супер забава, џиновска палачинка од неколку метри и многу вкусни КИМ производи, денес заврши најслаткиот проект „Кој е вашиот омилен вкус КИМ мармалад“ на КИМ и „Тамаро“ маркетите.
Најмладите повторно беа нашите верни пријатели и на денешната презентација, а ја доделивме и главната награда – машина за перење, која замина во рацете на Миле Стојаноски (ул. „Живко Чинго“ бр. 59 во Охрид).
– Среќата за Миле ја донесе нашиот Филип кој претходно победи на натпреварот за најбрзо јадење на вкусна палачинка изработена од „Анабела“, а полна со превкусните КИМ мармалади. Претходно, на 11-ти мај имавме една забава на која 15-тина наши другари ги пробаа највкусните палачинки од слаткаратаа „Анабела“, намачкани со највкусните КИМ мармалади, информираат од „Тамаро“.
Проектот кој е осмислен од креативниот тим на Супер радио предвидува супер слатки забави со дечињата, нашите најмали другари, но и многу награди за сите купувачи на „Тамаро“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес