април 8, 2017

Москва, 8. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со завршувањето на натпреварот меѓу Дарушафака и Црвена звезда веќе и дефинитивно се познати не само осумте екипи кои го продолжуваат настапот во Евролигата, туку и четвртфиналните двојки во елитното европско натпреварување.

Перо Антиќ повторно ќе атакува на европската круна, но задачата на Фенербахче нема да биде нималку лесна бидејќи турскиот првак ќе се сретне со Панатинаикос, при што „зелените“ од Атина ќе ја имаат и предноста на домашниот терен при евентуална мајсторка.

Бранителот на трофејот ЦСКА Москва ќе ги одмери силите со Басконија, додека Реал Мадрид, кој имаше најдобар скор во регуларниот дел од сезоната, ќе се бори со Дарушафака за место на Ф4 турнирот во Истанбул.

Во последната четвртфинална пресметка ќе се сретнат Олимпијакос и Анадолу Ефес. Вообичаено, четвртфиналните серии во Евролигата се играат до три добиени натпревари. Првите средби се закажани за 18 април, а евентуалните мајстори ќе се играат на 2 мај. Фајналфор турнирот во Евролигата за оваа сезона ќе се игра во Истанбул во периодот од 19 до 21 мај. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука