Мадрид, 26. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Велшкиот репрезентативец од редовите на Реал Мадрид, Герет Бејл, поради повреда на мускулот ќе отсуствува од терените во наредните 30 дена.
Герет Бејл, иако недоволно излечен ,со одлука на Зидан го започна „Ел Класико“, но ја обнови повредата на бутниот мускул и мечот го заврши при крајот на првото полувреме.Според информациите од Шпанија Бејл ќе отсуствува најмалку еден месец, што практично значи дека сезоната за него е завршена.
Сезоната во Шпанија завршува на 21 мај, а Бејл би можел да биде подготвен за евентуалното финале во ЛШ кое се игра на 3.јуни во Кардиф. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 25