април 19, 2017

Минхен, 19. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Баерн Минхен скапо го плати продолжението на „Сантијаго Бернабеу“ откако покрај без пласманот во полуфиналето,баварскиот гигант остана и без својот прв голман, Мануел Нојер.

Според германските медиуми Нојер заработил фрактура на коската во левото стапало за време на продолженијата.

Чуварот на мрежата на баварците беше опериран на истиот дел од ногата пред околу три седмици, па токму затоа прогнозите се дека нема никакви шанси Нојер да се врати на теренот пред крајот на оваа натпреварувачка сезона. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука