април 5, 2017

Ливерпул, 5. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Играчот на Ливерпул, Садио Мане, поради повредата на коленото која ја заработи на градското дерби со Евертон, најверојатно ја заврши сезоната.

Лекарскиот тим соопштил дека повеќе ќе се знае деновиве,а Ливерпул со Мане во тимот, оваа сезона победи на 17 од 26-те натпревари, додека на четири натпревари на кои не настапи Ливерпул ги загуби.

„Црвените“ по 30.кола во Премиерлигата, се наоѓаат на третото место со 59 бодови, десет помалку од лидерот Челзи. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука