Албервил, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера беше црн ден за фаворитите на 25-то Светско првенство во ракомет.
Откако ракометарите на Унгарија го елиминира олимпискиот првак Данска со 27-25, светскиот вицешампион Катар успеа да слави против европскиот шампион Германија со 21-20.Четвртфинале лесно избори и Шведска која ја декласира Белорусија со 41-22.
Хрватска е последниот четвртфиналист откако синоќа го победи Египет со 21-19 во последниот осминафинален дуел.Коцкестите ја оправдаа улогата на фаворит и не дозволија уште едно изненадување на ракометниот мундијал. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 8