Охрид, 9. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Заменик-градоначалничката на Белград, Весна Видовиќ престојува во официјална посета на Охрид.
– Остварив средба со делегацијата од градот Белград, предводена од заменик-градоначалничката Весна Видовиќ. Разговаравме за продлабочување на соработката помеѓу двата градови во повеќе области. Српските гости традиционално се меѓу најбројните во текот на летната сезона па затоа посебен акцент во разговорот ставивме на туризмот и за промоција на Охрид во Белград. Изразив благодарност што делегацијата од Белград беше присутна на чествувањата по повод Св. Климент Охридски – Патрон на градот, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков по средбата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 134