Лос Анџелес, на 91-годишна возраст, во својот дом во Лос Анџелес, во неделата почина познатиот продуцент, музичар и актер Quincy Jones.
Неговата кариера траеше повеќе од 70 години, со рекордни 80 номинации за Grammy награди, кои ги освои неверојатни 28 пати.
Важеше за една од најсестраните фигури во поп-културата на 20 век. Пошироката публика го знае по продукцијата на албумите „Off the Wall“, „Thriller“ и „Bad“ на Michael Jackson во 1980-тите, што го направи пејачот најголемата поп ѕвезда на сите времиња.
Quincy Jones исто така продуцираше музика за Frank Sinatra, Aretha Franklin, Donna Summer и многу други. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 121