Струга, 1. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“, на магистралниот пат Ќафасан-Струга, кај место викано Шумска колиба, приведен е 27-годишниот E.С. од Република Албанија.
– При извршена контрола во патничко возило „Фолксваген пасат “, со албански национални ознаки, биле пронајдени над 90 килограми риба, поточно 119 парчиња охридска пастрмка, кои биле предмет на недозволена трговија од Република Албанија кон Република Македонија. Е.С. е приведен во Полициската станица за граничен надзор „Франгово“ и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 44