Охрид, 2. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – И годинава, во насока на воспоставување на поголема безбедност на плажите е воведено ограничување на пловидба за скутери и чамци по водите на Охридското и другите природните езера во Република Македонија, кое ќе трае до 31-ви август.
Скутерите нема да смеат да сообраќаат во периодот од 11:00 до 19:00 часот, додека пак за чамците забраната за пловидба по езерските води ќе важи во периодот од 21:00 до 05:00 часот.
Невремето кое го зафати Охрид во месец март предизвика оштетување на сигнализацијата за одбележување на пловните патишта. Капетанот на охридската Капетанија, Горан Устијаноски за Супер радио и OhridPress информира дека набавката на нови бови за маркација во вода е веќе завршена и истите ќе бидат поставени за десетина дена. Тој ги потесетува и концесионерите на нивната обрска да ги обележат плажите со кои стопанисуваат.
Од Капетанијата на пристаништа велат дека ограничувањата на пловидбата се воведува секоја година заради безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива