Охрид, 21. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Сојузот за училиштен спорт – Охрид, денес започна лигата во Пинг-понг за основните училишта во Охрид.
– Натпреварите се одржаа во училишната спортска сала во ОУ „Христо Узунов“, а учество зедоа повеќе од 50 ученици во машка и женска конкуренција од сите основни училишта. Денес се одиграа 2 кола по „Репасаж“ систем, а ќе се продолжи со натпревари во наредните два месеци, информира Проф. Гоце Тасески од Сојузот за училиштен спорт – Охрид.
Победниците ќе бидат прогласени и наградени на 24-ти мај. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25