Охрид, 14. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Продолжениот празничен – Велигденски викенд го исполна Охрид со гости, за што придонесе и убавото сончево време.
Денес по чаршијата, на прошетка покрај езерото, но и во кафе баровите и рестораните можеа да се сретнат многу гости од Србија, Грција, Албанија и Бугарија.
Туристичките агенции и бироа од Бугарија веќе најавија дека 280.000 Бугари ќе патуваат за викендите околу Велигден, од кои најголем број ќе го посетат Охрид.
Угостителите најавуваат и добра забава во градот за анимирање на туристите. Вечерва на Кадмо“ плажата се организира забава со групата „Нокаут“, а во тек е и Велигденскиот викенд во новиот Трговско забавен центар KAM Village. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19