јануари 3, 2018

Охрид, 3. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со посебно украсен камион кој го обиколи целиот град, Дџ, танчерки и Дедо мраз кој донесе радост и подароци за многу дечиња синоќа започна манифестацијата „Бадникова вечер со Тамаро“, во рамките на која секоја година се доделуваат илјадници пакетчиња за најмладите охриѓанчиња.tamarokamion2

– Од оваа година внесовме низа новитети во организацијата на оваа наша, веќе традиционална манифестација. Наместо да имаме една поголема манифестација, оваа година ќе имаме пет, кои ќе се одржуваат во нашите маркети. Со посебно брендиран „Тамаро“ камион ќе го донесеме Дедо мраз, заедно со Дџ и забавувачи поблиску до нашите верни купувачи и нивните најмали и најмили кои ќе добијат новогодишни пакетчиња. Претходно истиот ќе помине по охридските улици, по што ќе замине на финалната дестинација. Синоќа нашиот „Тамаро“ караван ги израдува најмладите во маркетите „Тамаро 1“ и маркетот во улицата АСНОМ во населбата „Бејбунар“. Вечерва ќе се посетат двата маркети на „Тамаро“ во Лескоец, а утре маркетот наспроти Градскиот пазар и во населбата Далјан. На 5-ти јануари заминуваме во посета на Струга и нашиот маркет таму, за целата манифестација да заврши на 6-ти јануари со голема забава во маркетот на улицата „7-ми Ноември“ во склоп на фабриката „Братство“, информираат од „Тамаро“.

tamarokamion3 tamarokamion4Додаваат дека истиот ден, на 6-ти јануари, „Тамаро“ ќе биде дел и од манифестацијата „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ и ќе доделуваат пакетчиња и на Градскиот плоштад во Охрид.

tamarokamion5 tamarokamion6„Бадниковата вечер“ на „Тамаро“ е продолжување на 19. години старата традиција, која беше возобновена пред четири години и од одговорност кон своите вработени, прерасна во акција која е насочена кон целиот град, особено кон најмладите, кои се и најрадосни, токму за време на новогодишните и божиќните празници. Оваа година беа подарени 2.100 пакетчиња за најмладите, односно 600 повеќе од минатата година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука