Охрид, 03. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Охрид започнува НАТО школата „Борба против активностите на ИСИС за радикализација преку сајбер-просторот во регионот на Југоисточна Европа“.
Школата, во хотелот „Белведере“, во 9 часот ќе ја отвори министерот за одбрана Зоран Јолевски а ќе учествуваат 45 претставници од безбедносниот сектор од Македонија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска.
Тема ќе биде употребата на сајбер-просторот и технологиите од ИСИС и на градењето на регионална соработка помеѓу учесниците од НАТО и земјите од Партнерството за мир. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20