Охрид, 30. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – На тема „Предизвиците во реформата на правниот, политичкиот и безбедносниот систем во Македонија“, од 30-ти јуни до 7-ми јули 2019 година, во Научниот и уметнички центар „Уранија“ во Охрид ќе се одржи 5-то издание на „Охридската школа на природното право“.
Работниот дел на школата ќе започне утре со обраќањата на Челси Шинор, правен советник на Амбасада на САД во Скопје, академик Таки Фити, претседател на МАНУ, Арбер Адеми, министер за образование и наука и академик Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 5