мај 26, 2018

Келн, 26. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Вардар денеска во Келн против Монпеље ја почнуваат решавачката битка за одбрана на титулата во Лигата на шампионите.

Минатата година Вардар беше вистинска сензација и во својот прв настап на Фајнал фор успеа да стигне до титулата и да го постигне најголемиот успех во клупската историјата.

“Ова ни е второ учество на завршниот турнир, сега чувството е сосема поинакво. Претходната година беше малку поинаку, бевме дебитанти, не не сметаа за фаворити, а сега во Келн доаѓаме како шампиони. Цела сезона играме за да стигнеме до завршниот турнир и ќе дадеме се од себе да го повториме успехот од минатата година. Цврста одбрана и лесни голови, тоа е основата на ракометот и ако тоа не го исполниме не може да победиме”, изјави капитенот Стојанче Стоилов.

Прв противник на “црвено црните” е Монпеље, а мечот во Ланксес арената почнува во 18 часот. Во првото полуфинале од 15 часот се соочуваат Пари Сен Жермен и Нант. (Крај)

извор: СпортМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука