мај 3, 2017

Лозана, 3.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Европската атлетска федерација ќе треба да го испита кредибилитетот на светските рекорди после бројните допинг скандали.

Според предлогот на федерацијата светски рекорд ќе биде признат доколку атлетичарот пред да го постигне тој резултат, биде повеќепати тестиран на допинг и после натпреварот да му биде земен примерок кој ќе биде достапен за повторно тестирање во период од 10 години.

Повеќе од 100 олимпијци кои учествуваа на ОИ во 2008 и во 2012 се казнети поради допинг, откако МОК започна програма за повторени тестирања на примероците за допинг. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука