Охрид, 18. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти јануари 2024 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени контроли во патниот сообраќај.
– Притоа, полициските службеници во Охрид затекнаа и санкционираа 8 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на други возила на непрегледни места каде со сообраќаен знак тоа е забрането. Во Кичево, санкционирани се 15 возачи кои во населено место ја надминале дозволената брзина на движење, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 18