Охрид, 12. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес е последниот ден од Меѓународниот студентски филмски фестивал „Филмоција“, кој е во организација на Институтот за филм – Филмска Академија.
Денес во 11 часот ќе биде прикажан анимираниот филм „Тор и легендата за Валхала”. Проекцијата ја овозможија „Узенгија Дистрибуција“ и Агенција за филм на Репиблика Македонија за сите љубители на анимирани филмови.
„Тор и легендата за Валхала” е синхронизиран на македонски јазик.
Влезот за фестивалот е бесплатен.
Од 12 часот ќе има средба на филмски работници. Свеченото затворање е во 17 часот. Додека од 20 часот ќе има специјално прикажување на филм. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29