јануари 13, 2024

Охрид, 13. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Постарите охриѓани го знаат и го пренесуваат на помладите, а денешните генерации се обидуваат да го зачуваат и продолжат овој стар традиционален охридски обичај.

Од дамнешни времиња традицијата во Охрид наложувала да се подготвува варена топејнца со паричка, токму спроти денот посветен на Свети Василиј Велики.

Топејнцата во суштина значи варено тесто со некои додатоци да се добие на вкус и во него ставена паричка. Се подготвува од варено брашно варено тесто во кое има вода, сол, шеќер и брашно. Вареното тесто се дели на топчиња кои намастени едно врз друго се плескаат колку што е ширината на тепсијата. Тестото се шара засекувајќи го со лажица по целата површина на тепсијата, на растојание од 1 сантиметар, се става паричката и се пече полека, а потоа се крши и се дроби како за попара.

Може да се јаде и така, но традицијата не е довршена на овој начин. Се крши на парчиња да се пржи долго на тивок оган, да се истопи како алва. Дури тогаш се добива оној убав и неспоредлив вкус со ниедно друго јадење од тесто. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука