За девет месеци бројот на населението во Македонија се намали за 2.440, во Охрид намалувањето е 155 лица
декември 9, 2024

Скопје/Охрид, 9. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат алармантни резултати. За девет месеци бројот на населението во Македонија се намали за 2.440 лица, а во Охрид намалувањето е 155 лица.

Статистиката покажува дека во периодот од почетокот на јануари па до крајот на септември во земјава имало 11.694 живородени бебиња, но и 14.634 умрени лица. Од 80 општини во земјава во нив 60 има негативен природен прираст. Населението најмногу се намалило во Битола, за 365 лица, Прилеп има 251 лице помалку, а бројот на жителите на Кичево се намалил за 162. Ако на ова се додаде и губењето на населението по основ на заминувањето во странство, излегува дека годинава бројот на жителите во земјава ќе се намали за околу 4.000 лица. Статистичарите предупредуваат дека до крајот на годината состојбата може да биде и полоша, јави vecer.press.

– Трендот на повеќе умрени отколку родени лица ќе продолжи и до крајот на декември. Ова ќе биде шеста година по ред откако во земјава имаме намалување на населението по овој основ. Бројот на умирачките годинава најверојатно ќе се задржи на околу 20.000 лица, додека бројот на родените ќе биде околу 16.000 бебиња. Колку за споредба, во 2015 година во земјава биле родени 23.100 деца, предупредува Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика.

Значително повеќе умирачки отколку раѓања е негативниот тренд кој по сè изгледа ќе биде забележан и годинава, судејќи по податоците од првите месеци во годинава. Од податоците кои деновиве ги соопшти Државниот завод за статистика се гледа дека во периодот од почетокот на јануари па до крајот на септември во земјава имало 11.694 живородени бебиња, но и 14.634 умрени лица. Тоа значи дека природниот прираст бил негативен за цели 2.440 лица, односно, дека за толку се намалил бројот на населението во Македонија.

Статистичарите предупредуваат дека до крајот на годината состојбата може да биде и полоша.

– Трендот на повеќе умрени отколку родени лица ќе продолжи и до крајот на декември. Ова ќе биде шеста година по ред откако во земјава имаме намалување на населението по овој основ. Бројот на умирачките годинава најверојатно ќе се задржи на околу 20.000 лица, додека бројот на родените ќе биде околу 16.000 бебиња. Колку за споредба, во 2015 година во земјава биле родени 23.100 деца, предупредува Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика.

Состојбата е поразителна речиси сите осум статистички региони, со исклучок на само еден – Скопскиот регион, во кој во шест општини има негативен прираст, а во 11 позитивен.

– Во останатите седум региони населението се намалува. Во Источниот, во Пелагонискиот и во Југоисточниот регион, во сите општини има негативен природен прираст. Во Вардарскиот само една општина имала повеќе раѓања од умирачки, а осум се со негативно салдо. На Североисточниот регион пет општини се со негативен прираст, а една со позитивен, додека во Југозападниот три се позитивни, а 6 негативни, објаснува Герасимовски, додавајќи дека од 80 општини во земјава во нив 60 има негативен природен прираст.

Билансот е посебно загрижувачки по одделни градови. За последните девет месеци населението најмногу се намалило во Битола – за 365 лица, Прилеп има 251 лице помалку, а бројот на жителите на Кичево се намалил за 162. Во Охрид намалувањето е 155 лица, во Велес 182, при што сега се намалува и населението во Гостивар за 46 лица, а за околу триесетина случаи имало повеќе умирачки отколку раѓања во Тетово. Се намалиле и скопските општини Кисела Вода за 172 жители, во Карпош за 156, а се намалила и општина Аеродром. (Крај)

извор: vecer.press/Б.Ѓ. фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука