Охрид, 10. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во првиот квартал годинава, на двата македонски аеродроми, „Меѓународниот аеродром Скопје“ и „Свети Апостол Павле“ во Охрид поминале вкупно 448.729 патници, покажуваат податоците на ТАВ.
Само во првите три месеци годинава бројот на патници во авионскиот превоз е зголемен за 22%. Во март се регистрирани вкупно 162.600 патници на двата аеродрома, што е зголемување за 24%.
Податоците на ТАВ покажуваат и зголемување на бројот на прелети. За три месеци на двата македонски аеродроми се регистрирани вкупно 4.018 прелети, што е зголемување за 19% споредено со истиот период лани, додека само во март се регистрирани 1.430 прелети, односно 20% повеќе споредено со истиот месец претходната година. (Крај)
извор: емагазин.мк фото: архива