Минхен, 7. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Александер Зверев го совлада трикратниот шампион Филип Колшрајбер со 6:3/6:3 во германското финале на Минхен опен, за да ја одбрани домашната титула
.
Светскиот рекет број 3, имаше четири аса и искористи четири од своите шест брејк-топки за победа по час и 11 минути игра.За 21-годишниот Германец ова е прва титула во 2018 и осма во кариерата, и доаѓа во вистинско време пред Мастерс турнирите во Мадрид и Рим и секако, Ролан Гарос.
34-годишниот Колшрајбер, кој победуваше во Минхен во 2007, 2012 и 2016 година, го играше шестото финале на турнирот на земја, а ова беше прво германско финале на АТП турнејата од Гери Вебер опен во 2016, кога Флоријан Маер го совлада Зверев. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
Прочитано: 28