мај 14, 2018

Мадрид , 14. Мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Александер Зверев покажа дека знае многу добро да се снаоѓа на земјената подлога, доминирајќи против Австриецот Доминик Тим за титулата од Мастерсот во Мадрид.

Зверев веќе повеќе години го сметаат за една од најголемите нови надежи на машкиот тенис, и ако се смета по финалето во „Каха магика“ во Мадрид, кој тој го доби со 6:4,6:4, никој нема да го посака Германецот во својата половина од ждрепката на Ролан Гарос овој месец.

Зверев до својата трета Мастерс титула во кариерата стигна на импресивен начин, откако не загуби ниту еден сет, а не дозволи ниту еден брејк на своите противници во Мадрид. 21-годишниот Германец сега е само петтиот активен тенисер со најмалку три Мастерс титули, заедно со Рафаел Надал (31), Новак Ѓоковиќ (30), Роџер Федерер (27) и Енди Мареј (14).

Зверев, кој има 18 освоени сета во низа, го доби мечот по час и 19 минути игра и со 19 победнички топки, користејќи ги 21-те неизнудени грешки на противникот. За титулата тој доби 1.190.490 евра и 1.000 Атп поени. (Крај)

извор: Макфакс фото: Б92

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука