Париз, 30. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Наградниот фонд на овогодишното издание на Ролан Гарос ќе биде зголемен за 12 проценти и ќе изнесува 36 милиони евра.
Директорот на тенискиот гренд слем изјавил дека вкупниот награден фонд во однос на минатата година е зголемен за четири милиони евра.Најмногу пари, со зголемениот награден фонд, ќе бидат издвоени за играчите кои настапот ќе го завршат помеѓу првото коло и четвртфиналето.
Победниците во сингл, во машка и во женска конкуренција ќе добијат по 2,1 милиони евра, што е за 100.000 евра повеќе од лани. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 27