Здравје: Една чаша од овој сок дневно може да го намали крвниот притисок
декември 9, 2024

Охрид, 9. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Високиот крвен притисок и кардиоваскуларните проблеми може да доведат до низа компликации, вклучувајќи срцеви заболувања и мозочен удар.

Контролирањето на овие состојби е клучно за одржување на целокупното здравје и спречување на посериозни проблеми. За среќа, според експертите, консумирањето на еден пијалок може да помогне во справувањето со хипертензијата. Според Британската фондација за срце (BHF), консумирањето 250 милилитри сок од цвекло дневно може да помогне во намалувањето на крвниот притисок.

– Сокот од цвекло е богат со нитрати кои се претбораат во азотен оксид во телото, помагајќи да се релаксираат крвните садови и да се намали крвниот притисок. Студијата спроведена на Queen Mary University of London покажа дека луѓето со висок крвен притисок кои пиеле од овој сок секој ден, на крајот од студијата ги нормализирале вредностите на крвниот притисок.

Овошјето, зеленчукот и интегралните житарки се клучни за здравјето на срцето

Освен цвекло, се препорачува и друга храна богата со нитрати, како спанаќ, целер, кељ и зелка. Бананите, јагодите и другото овошје можат да послужат како одлична алтернатива за оние кои не сакаат сок од цвекло. Сепак, експертите предупредуваат дека луѓето со низок крвен притисок треба да консумираат сок од цвекло со претпазливост, бидејќи прекумерното внесување може да предизвика штетни последици.

Покрај препораките за конзумирање на цвекло и друг зеленчук, експертите советуваат да се намали внесот на сол, шеќер и алкохол за подобро да се контролира хипертензијата. Овошјето, зеленчукот и интегралните житарки се клучни за здравјето на срцето, додека преработената храна богата со сол може да влијае лошо на крвен притисок. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука