Здравје: Суперхрана што треба да ја јадеме за појадок
ноември 30, 2024

Охрид, 30. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Овесни снегулки, кајгана или палачинки… Има навистина богат избор храна за појадок, но некои опции се побогати со хранливи материи од другите. Според диететичарката Lisa Moskovitz, нејзиниот избор број еден се чиа семето.

– Тоа е суперхрана поради сите хранливи својства што ги има, од влакна и магнезиум до витамини од групата Б, железо и некои протеини, изјави таа.

Чиа семето содржи и омега-3 масни киселини кои помагаат да ги одржуваме нашите мозоци и срца здрави и докажано е дека го намалуваат воспалението.

– Одлични се за регулирање на варењето бидејќи се извор на нерастворливи и растворливи влакна, додава Moskovitz.

Само една порција чиа семе, две до три лажици, нуди речиси 10 грама влакна, што е една третина од препорачаната дневна доза за повеќето луѓе. Влакната не само што го помагаат варењето со зголемување и омекнување на столицата, туку е откриено дека го намалуваат ризикот од многу опасни здравствени состојби, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес и некои видови рак. Чиа семето се исто така неверојатно разноврсно и лесно може да се додаде во безброј комбинации на вашиот омилен појадок за да се максимизираат неговите хранливи придобивки.

– Можете да ги додадете во јогуртот или овесната каша, да ги посипете со тост од авокадо, да ги додадете во јајца или кафе и едноставно можете да ги пиете откако ќе ги измешате во вода. Можете да ги натопите во бадемово или овесно млеко и да ги оставите во фрижидер преку ноќ, предлага Moskovitz. (Крај)

извор: index.hr фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука