јануари 27, 2018

Охрид, 27. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Здружението на Србите од Охрид „Коштана“ денес ќе го одбележи празникот „Св. Сава“.

Овој ден традиционално ќе се одбележи со сечење на славската погача и пригодна културно-забавна програма, денес во 13:00 часот во ресторанот „Белведере“. Денешниот ден е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.

Здружението на Српската заедница во Охрид, „Коштана“ брои околу 320 членови кои заеднички го одбележуваат и празнуваат. Традиционално и оваа година по 11-ти пат, здружението ќе го одбележи празникот. Ќе се осветува колач и пченица, а вредните домаќинки ќе подготват богата трпеза.

Српската заедница во Република Македонија е здружение на граѓани, регистрирано во 1991 година во Скопје. Целта на ова здружение е зачувување на идентитетот, културата и јазикот на Србите во Македонија и одбележување на значајни датуми од историјата на Србите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука