Охрид, 4. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со скромна свеченост, Здружението „Титоисти“ од Охрид ја одбележа 38 годишнината од смртта на доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито.
– Присуствуваа членовите на управниот одбор, како и дел од поддржувачите на здружението. Согласно планот и годишната програма за работа достојно ќе го одбележиме и роденденот на Тито, 25-ти мај. Планирана е и посета на гробот во Куќата на цвеќето во Белград, но се зависи од финансиската состојба. Доколку не се реализира посетата, познатиот ден на младоста ќе го одбележиме локално, тука во Охрид. Продолжуваме со работа и покрај отежнатите услови за работа, но не се откажуваме, одиме понатаму, вели секретарот на Здружението „Титоисти“, Томчо Алексоски.
Здружението „Титоисти“ постои веќе четири години. Активно работи во текот на целата година, а со бројни манифестации секоја година ги одбележува најзначајните датуми од македонската историја, како и датуми поврзани со ликот и делото на Јосип Броз Тито. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива