Струга, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од причина што од природните непогоди кои ја зафатија нашата држава, на поплавените подрачја жртви се не само луѓето, туку и животните, велат од Здружението Animal World од Струга.
Активисти на Здружението Animal World се на располагање да помогнат и директно интервенираат во својот реон.
– Посочуваме дека не располагаме со техничка опрема и понудата се однесува на луѓе – волонтери кои би се обиделе да помогнат. Апелираме и да граѓаните кои ќе затекнат животно во опасност да се обидат да го сместат на безбедно место и да се побараат помош. За да ја подигнеме јавната свест, или побараме помош и од инстутуциите, ги повикуваме граѓаните и да ни доставуваат фотографии и информација за точната локација, информираат од струшкото здружение. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива