јануари 17, 2018

Охрид, 17. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дијаспората, транснационализам и интеркултурни комуникации како нов општествен капитал во реалноста што ја имаме ќе бидат во фокусот на годинашната шеста Меѓународна Конференција „Охрид – Водици 2018“.

Проф. д-р Рубин Земон од Универзитетот Евро-Балкан од Скопје, потенцира дека преку оваа конференција ќе се даде придонес и на дијаспората и на државите да градат поуспешни политики.

Rubinzemon– Во светот постојат повеќе модели каде што се решава прашањето околу гласањето на дијаспората. Мислам дека најефтина варијанта е да се гласа електронски. За жал кај се појави проблем што не баш цела дијаспора гласаше, а електронски секој ќе може да си гласа во своето место на престој. Меѓутоа, дијаспората има многу поголеми проблеми поврзани со културно наследство, со образованието, заштита на јазикот, вклучувањето во општествениот живот и таму и во нашата земја, гласањето е само мал дел, подвлече Земон.

konferencija2Како мерки кои треба да се преземат Земон ги нагласи поактивните политики пред се околу споделување на учебници за иселениците, а јазикот може и да се учи преку интернет. Тој ја нагласи и улогата на Агенцијата за иселништво, како и ангажирањето на поголем број на учители од дијаспората, бидејќи сега се носат од Македонија, за таму да држат настава. се носеа од македонија, да држат настава.

Ние можеме да помогнеме од научен апсект со тоа што ги идентификуваме проблемите, феномените и секој од свој научен агол дава предлози, решенија, а потоа останува на другите да донесуваат одлуки, истакна Земон.

Присутните на конференцијата ги поздрави и им посака добредојде и успешна работа градоначалникот Јован Стојаноски.

konferencija1– Она што ќе произлезе од оваа конференција би замолил да го добиеме во форма на заклучоци, вашите ставови, разгледувања и најновите научни сознанија, кои пак понатаму ќе претставуваат основа во креирањето на стратегиите на општина Охрид, во доменот на туризмот, културното наследство и неговата заштита и се разбира стратегиите во доменот на иселеништвото и спречување на миграцијата. Познато ви е дека Охрид е центарот на туризмот во земјава, град под заштита на УНЕСКО и за жал град лидер во емиграција на младите. Затоа вашите научни согледувања до кои ќе дојдете нека претставуваат основа на општината во креирање на наредните стратегии, за сето тоа да го искористиме Охрид да биде уште подобар град, препознатлива туристичка дестинација, да го задржи статусот на УНЕСКО и на среќа на сите да престане да биде лидер по иселувањето на младите, потенцира Стојаноски.

Организатор на конференцијата која ќе трае до петок, е Универзитетот Евро-Балкан од Скопје во соработка со Институтот за Социо-Културолошка Антропологија на Република Македонија од Скопје, МИРАС – Социјална Организација за Поддршка на Изучување на Културно Наследство од Баку, Азербејџан и Селчук Универзиетот од Конја, Турција.

Пред почетокот на конференцијата, беше отворена изложба на ракотворби и предмети од традицијата на Турција, што ја донесоа и поставија учесниците на конфернцијата од Универзитетот Селџук, од Конија, Турција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука