Охрид, 28. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Земјотрес со магнитуда од 3.9 степени според Рихтеровата скала денеска во попладневните часови е регистриран во соседна Албанија.
Според податоците од сеизмолошките мерни станици, земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а потресот е почувствуван и во Македонија, поточно Охрид, Ресен, Битола и Струга.
Неодамна имаше серија на земјотреси имаше во регионот на Албанија, кои предизвикаа и оштетување на дел од постарите градби. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 11