Белград, 9. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Земјотрес со интензитет од 4,7 бил регистрирана ноќеска во Србија, покажа референца на сајтот на Европскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил во селото Марчичи, крај Косиерич, на 90 километри северозападно од Белград. Земјотресот бил почувствуван во цела Западна Србија.
Градоначалникот на Косиерич, Милан Стојанич изјавил дека потресот траел околу 30 секунди. Според неговите зборови, засега нема информации за причинета материјална штета. (Крај)
извор: РТС фото: архива
Прочитано: 11