Санкт Петербург, 22. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Рускиот клуб Зенит од Санкт Петербург започнал преговори со италијанскиот стратег Клаудио Раниери, кој оваа сезона доби отказ од Лестер.
Актуелниот тренер Мирчеа Луческу најверојатно ќе си замине од клубот по завршувањето на сезоната, со оглед дека екипата нема шанси да успее во трката за шампионската титула, а тоа секогаш е еден од врвните приоритети за Зенит.
Зенит се наоѓа на третото место на табелата во риското првенство со 39 бода, колку што има и ЦСКА Москва, а Спартак Москва е лидер со шест бода предност. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 25