април 19, 2018

Лондон, 19. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Плановите за воведување 14-дневна пауза во Премиер лигата би можеле да бидат претставени по завршувањето на сезоната, објавија британските медиуми. Би-би-си пишува дека зимската пауза во Премиер лигата би можела да биде водедена на почетокот на 2020 година.

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го разгледала и овој предлог кога претходно било договрено натпреварите од петтата рунда во ФА-купот да се играат во текот на работната недела и да нема реванш доколку нема победник.

Реванш-дуелите во ФА-купот ќе останат во третото и четвртото коло.

ФА долго време ја пласира идејата за зимска пауза, каква што постои во цела Европа. Во владејачкото тело на англискиот фудбал се убедени дека играчите се истрошени од напорниот ритам поради што се преморени за натпреварите во европските купови. (Крај)

извор: Макфакс фото: Премиерлига

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука