март 30, 2017

Мадрид, 30. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, побарал од управата на клубот во текот на летниот преоден рок да го продадат Колумбиецот, Хамес Родригез.

Хамес Родригез во Реал пристигна од Монако за 80 милиони евра по СП во Бразил во 2014 година, каде беше најдобар стрелец и еден од најдобрите играчи, но за три сезони поминати во Реал не доби шанса во континуитет за да ги покаже своите способности.

Интерес за колумбецот покажуваат Челзи,ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Интер. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука