Лондон, 8. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, поради суспензија нема да настапи на наредните три натпревари.
Фудбалската асоцијација на Англија му ја изрече суспензијата поради недолично и насилничко однесување на теренот.
Шведскиот репрезентативец на мечот против Борнмут во скок со лактот го удри во главата Тајрон Мингс, откако противничкиот играч претходно во еден дуел на средината од теренот згазна на лицето на Ибрахимовиќ. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 23