април 24, 2018

Охрид, 24. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Натпреварувачите на АК „Охрид“ се вратија со одлични резултати од Државното првенство во скокачки дисциплини, што викендов се одржа во Скопје.

Атлетичарите од Охрид настапија во скок во далечина, штафетни трки и на трката од 10 000 метри, под водство на тренерот Миле Јовановски.

martinamiroska

Мартина Мироска го освои златниот медал во скок во далечина, додека пак  на штафетната трка (100, 200, 300, 400 метри), во која учествуваа Мартина Мироска, Искра Маџоска, Стефанија Ристеска и Марија Јованоска, го освиоја третото место, односно бронзениот медал.

atletika 1

На трката од 10 000 метри, во силна конкуренција настапи Дејан Ангелоски, кој заврши како седмопласиран.

Следен предизвк што ги очекува нашите атлетичари е Меѓународниот меморијален атлетски митинг „Влатко Димитров“, што ќе се одржи оваа сабота, 28-ми април на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: АК „Охрид“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука