Џенова, 16. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Калчолигашот Џенова го смени тренерот Андреа Мандорлини и на неговото место го врати Хрватот Иван Јуриќ.
Раководството на клубот му врачи отказ поради серијата од четири порази на последните четири натпревари, на кои екипата не успеа да постигне гол.
Џенова се наоѓа на 16-то место во Серија А и има девет бодови повеќе од Кротоне кој се наоѓа во зоната на испаѓање. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20