Охрид, 7. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод 8-ми декември, Денот на Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид, во малата сала на Општина Охрид, ќе бидат изложени 33 уметнички дела, рачно изработени на сребрени плочки од охридскиот уметник Боро Митрески- Минта.
– Ќе ми биде чест ако и вие учествувате на овој свечен чин. Нека ни е честит и вековит Македонскиот и Охридскиот Патрон Свети Климент Охридски, порача уметникот.
Изложбата е прва од ваков тип на изработка на експонати, а се состои од 33 уметнички дела, рачно изработени на сребрени плочки.
Изложбата на Боро Митрески- Минта ќе биде отворена во 18:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 100