Охрид, 1. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 17,8 l/m² воден талог, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Според истиот извор, најмногу дожд наврна во Демир Капија 127.0 l/m².
Во Охрид денес претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 3. степени.
– Денес ќе има повремени врнежи од дожд и снег, во западните и јужните делови пообилни (над 30 l/m2). На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со појава на магла по одделни котлини, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес