Охрид, 7. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 6 литри дожд на метар квадратен.
Нови врнежи од снег во текот на ноќта имаше само во Тетово, додека во другите делови имаше врнежи од дожд.
Утринските температури се секаде над нулата, освен во Маврово.
Утрово преовладува променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на денот ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура денес во Охрид до 9 степени.
Од денес попладне ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Утре ќе има почести сончеви периоди. Температурата ќе биде во опаѓање, но утринските температури ќе останат околу нулата. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 26