Палермо, 6. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според италијанските медиуми Илија Несторовски речиси сигурно ќе го пропушти неделниот дуел против Рома, што ќе се игра на Сицилија на 12 март поради обновување на стара повреда.
Состојбата со зглобот на десната нога воопшто не е наивна, а во текот на оваа седмица ќе бидат познати и повеќе детали околу тоа колку ќе изнесува неговата пауза.
Оваа повреда би можела да му претставува сериозен проблем и на македонскиот селектор Игор Ангеловски во пресрет на продолжението од квалификациите за СП 2018 на нашата фудбалска репрезентација. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20