Доха, 5. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Јужноафриканката Кастер Семенја постави нов национален рекорд на 1 500 метри стигнувајќи до убедлива победа на првиот митинг од Дијамантската лига на ИААФ во Доха, Катар.
Семенја, која во април ја освои и титулата на Игрите на Комонвелтот, постави време од 1:59.92 в недела во која беше главна тема поради новите правила околу нивото на тестостерон во женското натпреварување на ИААФ. 27-годишната Јужноафриканка е двократна олимписка шампионка на 800 метри.
Одличен старт на Дијамантската лига имаше и хрватската олимписка шампионка, Сандра Перковиќ, која победи во фрлањето диск со одлични 71.38, само три сантиметри од нејзиниот личен рекорд.
Во новото, скратено натпреварување во три серии, Хрватката покажа дека е подготвена за успешна сезона, победувајќи ги Кубанките, Јаиме Перез (66.82) и Денија Кабалјеро (63.80).
https://twitter.com/ThrowsChat/status/992443656232755202
Во другите дисциплини, Исак Маквала од Боцвана доживеа пораз во трката на 400 метри откако Стивен Гардинер од Бахамите триумфираше со 43.87. Јамајканската олимписка шампионка на 100 метри, Илејн Томас победи со време од 10.93, најдобро оваа сезона.
Оваа година Дијамантската лига има 14 митинзи, со кулминација во Брисел во август. (Крај)
извор: Макфакс фото/видео: Twitter