Милано, 7. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Чешкиот фудбалер Патрик Шик минатото лето дојде во Сампдорија и со својата импресивна игра го привлече вниманието на неколку италијански клубови.
Според италијанските медиуми Интер е заинтересиран за младиот напаѓач и сака да го донесе на „Џезепе Меаца“ како алтернатива за Мауро Икарди.
Управата на Сампдорија го следи инересот на големите клубови за чехот и веќе му понуди нов договор во кој ќе има откупна клаузула од 40 милиони евра. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17