Милано, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Откако екипата на Милан соопшти дека ќе го напушти „Сан Сиро“ и ќе гради свој стадион, Интер започна преговори за превземање на легендарниот стадион.
Управата на Интер имала состанок со градските власти на Милано и започнале преговори за комплетно превземање на стадионот кој е во сопственост на општината.
„Сан Сиро“ (Милан) или „Џузепе Меаца“ (Интер) ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампиони наредната година, по што двата клуба од Милано кои ги користат започнаа со нивно реновирање. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 7