Мадрид, 26. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата на Интер планира да потроши над 100 милиони евра на засилувања во летниот преоден рок, а оперативците на клубот од Милано веќе почнаа и со преговори за фудбалерите кои сакаат да ги доведат ова лето.
Првиот човек на Интер, Жанг Јиндон, се наоѓа во Шпанија каде се сретнал со Флорентино Перез и дискутирал за можноста на „Џузепе Меаца“ да го донесе Хамес Родригез.
Колумбиецот не е стандарден првотимец, а сега по враќањето на Герет Бејл неговата минутажа во Реал Мадрид уште повеќе ќе се намали. Италијанските медиуми тврдат дека Интер веќе подготвил и понуда во висина од 50 милиони евра за Хамес. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 18