Милано, 25. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Интер планира агресивна трансфер кампања во летниот преоден рок, а прв „пик“ на управата на клубот е Марко Верати.
Првите луѓе на „нероаѕурите“ се решени да го вратат италијанскиот репрезентативец во родната земја, а за тоа веќе имаат подготвено понуда од 100 милиони евра и плата од 9.5 милиони евра по сезона.
Верати со екипата на ПСЖ има договор до 2020 година, а за него сериозен интерес има и од Барселона, која во него го гледа наследникот на Андрес Иниеста. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 25