јуни 22, 2018

Охрид, 22. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник во Охрид ќе се одржи инфо сесија за Проектот образование за вработување во Македонија.

– На настанот кој ќе се одржи во хотел „Тино“ (центар) свое обраќање ќе има и Амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибиле Сутер Техада, претставници од бизнис секторот и од државните институции. ќе се презентира проектот E4E@mk, а свое обраќање ќе има и претставник од Центарот за стручно образование и обука, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука