Вашингтон, 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Припадниците на исламската држава емитуваа три нови видео записи, во кои се закануваат со убиства, врз јордански и јапонски заложници, но, исто така, упатија директна закана и до американскиот претседател Барак Обама.
Во видео пораката, претставници на борците на исламска држава стојат над курдски борец, кој се обраќа на Обама.
– Знам дека ќе го добиеме Обама во Белата куќа и таму ќе му отиде главата, изјавува борец на арапски јазик.
Екстремистите исто така, ги предупредија европските земји Франција и Белгија, каде што посетија на неодамна извршените бомбашки напади. (Крај)
извор: ОхридПрес/Фокс њуз фото: АП
Прочитано: 4